Бесплатно летување за ученици од социјално загрозени семејства

Бесплатно летување

На денешената седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно четириесет и седум точки. Четириесет и пет граѓани, жители на Карпош 3 и Карпош 4, и оваа година ќе добијат бесплатно паркирање во Трговскиот центар „ Скопје Сити Мол.

 

“Советниците ги усвоија заклучоците за усвојувањето на Годишниот извештај за работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2016/2017 година. Исто така, се усвои Годишната програма за работата на општинските основни училишта за учебната 2017/2018 година. Советниците во Советот на Општина Карпош, ги усвоија мислењата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во училиштата во Општина Карпош за учебната 2017/2018 година.


Советниците дадоа „виза“ за определување на стипендии за талентирани ученици, од основните општински училишта во Карпош за учебната 2017/2018 година. На оваа седумдесетта седница на Советот помина и одлуката одобрување на финансиски средства за летување на ученици од семејства во потешка материјална состојба кои се жители на Општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.