Нови паркинзи за жителите на Козле

Нови паркинзи во Козле

Со цел овозможување прописно паркирање на жителите на Козле, како и на родителите кои децата ги носат во градинката и во училиштето во непосредна близина, општина Карпош го поплочува паркинг просторот на улицата Јуриј Гагарин.


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, го најави завршниот инфраструктурен зафат во населбата Козле. Станува збор за проект со кој партерно се поплочува паркинг просторот на ул. Јуриј Гагарин бр. 6.


Изведувач на градежните работи е фирмата „СМ Компани“, а паркингот зафаќа вкупна должина од 1.968 квадратни метри.


Првиот човек на Општината објасни дека локалната самоуправа ја превзема оваа градежна иницијатива за да им овозможи на родителите кои своите деца ги носат во детската градинка „Пролет“ и основното училиште „Владо Тасевски“, прописно да ги паркираат автомобилите.


Поплочувањето на паркинг просторот се врши на местото нанекогашниот канал, кој го затвори општина Карпош.

 

Со комплетирањето на оваа инвестиција, од Министерството за економија до населбата Нерези, сите улици, рабници, тротоари се целосно реконструирани и реновирани, а заменета е атмосферската и фекалната канализација, нагласи Јакимовски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.