Стипендии за талентираните ученици и спортисти од Општина Карпош

Стипендии за ученици од Карпош

На талентираните ученици и спортисти од Општина Карпош денеска им беа доделени стипендии кои во континуитет се доделуваат со цел да се поттикнат и наградат талентираните ученици и спортисти од основните училишта кои се наоѓаат на територија на оваа општина.

 

Денеска во ОУ,,Братство,, во Општина Карпош беа доделени стипендии на талентирани ученици и талентирани спортисти од територија на општината. Годинава беа доделени вкупно 56 стипендии, од кои 29 се за талентирани ученици и 27 за спортисти. Со доделувањето на стипендиите општина ги мотивира и потикнува учениците да бидат вредни и да се потпираат врз своето знаење и труд и во наредниот период низ нивниот развој сето ова да биде поттик уште повеќе да се трудат во одредена област да станат специјалисти како во науката, во спортот, во културата или во некоја друга област. Стипендиите кои ги добија талентираните ученици и спортисти се во износ од 2000-3000 денари.


Општината стипендиите ги доделува по строго утврдени критериуми, преку јавен оглас и максимално објективно. Од општината истакнуваат дека со овие доделени стипендии кои се само скромна награда за надарените ученици сакаат да ги потикнат за поголеми стремежи во животот и еден ден да бидат вистински граѓани на Република Македонија, но во исто време да дадат придонес во развојот на нашата држава и било каде и да одат да бидат наши афирмирани граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.