Карпош солидарен со Мексико

Општина Карпош

Општина Карпош во духот на солидарноста ќе испрати хуманитарна помош за Мексико, државата која деновиве се соочи со силен земјотрес којшто однесе голем број човечки жртви и причини огромна материјална штета.


Цели населби во Карпош постземјотресно се подигнати токму со солидарност на многу држави од целиот свет, меѓу кои и Мексико. Една улица во Карпош, во знак на почит и благодарност за пружената помош, пред повеќе од пет децении го носеше името името Мексичка е сега е Петре Пирузе -Mајски.


Оттаму, во вакви исклучителни моменти, локалната самоуправа сочувствува со граѓаните на Мексико и има морална обврска да возврати за солидарноста на оваа пријателска земја.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.