Бeсплатни очни прегледи за основците во Карпош

Бeсплатни прегледи на видот

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го презентираше проектот за бесплатни прегледи на видот за учениците до трето одделение во сите 10 основни училишта во општината.


Проектот е во соработка со Лајонс Клуб Македонија и УСАИД, партнерски организации кои ја покажуваат нивната општествена одговорност и грижа за локалната заедница.


Инаку, потребата од имплементација на ваков проект поттекнува од грижата за нашите најмлади карпошани. Според образложението на градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, новото време носи нови технологии и иновации, чии консументи се младите кои се постојано пред компјутер, таблет, мобилен, телевизор и често се соочуваат со проблеми во видот.

 

Целта е со унапредувањето на овој проект, секоја година да се опфаќаат што поголем број на ученици кои се постојано изложени на ризикот за оштетување на видот, посочуваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.