Зајакнување на улогата на локалниот младински совет во Карпош

Младински совет во Карпош

Креирање на младинска стратегија на територија на Карпош со која ќе се лоцираат најгорливите младински проблеми и ќе се понудат одржливи решенија е целта на денешната средба меѓу градоначалникот на Капрош Стефан Богоев и претставници од Националниот младински совет на Македонија.

 

Во пресрет на донесувањето на Буџетот за 2018-та година, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со претставници од Националниот младински совет на Македонија. Целта на оваа работна средба , но и стратешки пристап на Општината е преку младинско учество и младински активизам да се дојде до поквалитетни политики за млади во 2018-та година во Општина Карпош. На денешниот состанок се разменија предлог проекти кои можат да бидат вметнати во дел од буџетските програми за следната година. Целта е Локалниот младински совет да прерасне во вистинско претставничко тело на младите. На овој начин ќе се зајакне и капацитетот на самиот Совет на Општината, бидејќи ова тело ќе располага со активни, капацитетни и креативни млади луѓе кои се стремат кон подобра локална заедница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.