Меморандум за образовно, и економско зајакнување на општина Карпош

Општина Карпош

Во насока на зајакнување на образованието, економскиот и културниот живот на локално ниво, Општина Карпош склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје.

 

Меморандумот ќе овозможи заедничко аплицирање на проекти, организација на работилници и на тематски конференции, истражувања и анализи кои ќе бидат корисни за општината во процесот на креирањето на политики и проекти кои би влегле во буџетските програми.


Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев нагласи дека овој Меморандум ќе покаже дека општината е подготвена да спроведува проекти од важност за граѓаните, со акцент на најмладите и образованието.

 

Претседателката на Институтот, Елизабета Томевска Илиевска посочи дека ова здружение во изминатиот период работеше на вмрежување со повеќе институции и единици на локалната самоуправа.


Начините за соработка меѓу страните – потписнички на Меморандумот се најразновидни: заедничко аплицирање на проекти, организација на работилници и на тематски конференции, истражувања и анализи кои ќе бидат корисни за Општината во процесот на креирањето на политики и проекти кои би влегле во буџетските програми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.