ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево добива модерен спортски терен и сензорна училница на отворено
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 08 Април 2024
Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ООУ “Рајко Жинзифов во Драчево. Во ова училиште, во завршна фаза се градежните активности за изградба на модерни спортски терени на 2200 квадрати. Поставени се нова трева, стативи и ограда, со што учениците добиваат современи услови за спортување и рекреација. Едновремено, во дворот на училишниот објект се одвива изградба на инклузивна сензорна училница на отворено. Истата, која е прва во Скопје, на учениците со попреченост ќе им овозможи подобра сензорна стимулација, но ќе се користи и од страна на сите останати ученици.
Ѓорѓиевски го посети новиот плоштад „Независност“ во Пинтија
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 03 Април 2024
Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети неодамна изградениот плоштад во Пинтија „Независност“, каде вчера вечер дечињата од оваа населба имаа забава на отворено.
Над илјада маскирани дечиња на „Шеговил“ во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 01 Април 2024
Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески“ и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов“ се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“, организирана од Кисела Вода.
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 29 Март 2024
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 28 Март 2024
Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите.
Ѓорѓиевски: Се гради фонтана на мини плоштадот во село Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 25 Март 2024
Голема фонтана ќе го краси мини плоштадот во селото Драчево. Со централна позиција таа се гради на 30 квадратни метри и ќе биде целосно осветлена. Во нејзина непосредна близина се реконструира детското игралиште, а просторот ќе биде дополнет со нова урбана опрема. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети овој мини сквер, кој е често збиралиште за жителите на селото Драчево.
Преку 1000 садници денес засадени низ парковите во општина Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 21 Март 2024
Над 1000 садници денес, по повод Денот на пролетта, се садат низ цела Кисела Вода. Багреми, туи, цреши, брези, сливи ќе бидат засадени во парковите „Оксиген”, „Феникс”, во Усје кај крстот, во Пинтија каде што се гради нов плоштад, во Расадник, извести општина Кисела Вода.
Кисела Вода целосно ја реконструира Марко Орешковиќ со краците
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 18 Март 2024
Градежен зафат се одвива во населбата Кисела Вода. Општината целосно ја реконструира улицата Марко Орешковиќ со нејзините краци, на површина од преку 2500 квадратни метри.
Нов спортски комплекс „Шампиони“ отворен во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 14 Март 2024
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, заедно со спортските легенди Аце Станковски, Коки Аврамовски и синот на починатиот Николчо Зиков, ја пресекоа лентата и со тоа го отворија новиот спортски компекс “Шампиони” во дворот на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. Талентираните ученици сега на располагање имаат современи терени за фудбал, за баскет, за одбојка на песок и пинг понг, а во знак на почит кон пет познати спортисти кои преку своите успеси се запишаа во светската спортска историја, на ѕидовите на објектот на училиштето беа откриени мурали на Аце Станковски, Дарко Панчев, Коки Аврамовски, Слободан Горачинов и Николчо Зиков.
Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 04 Март 2024
Напредува изградбата на затворениот спортски објект во населбата Пинтија, во ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во динамиката на работа, на чија завршница чекаат 252 ученици од ова училиште. Затворената спортска сала, која е прва од ваков вид во ова населено место, ќе има површина од околу 350м2.
Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 22 Февруари 2024
Завршени се градежните активности за изградба на паркинг простор во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Во изминатите две седмици активно се работеше на асфалтирање на површина од окоу 500 квадратни метри, додека на претходно постоечкиот паркинг, се извршија реконструктивни зафати со што го обновивме просторот за паркирање на површина од околу 1600 квадрати. Се рабoти за простор на улицата “Народни Херои”, кој е во непосредна близина на основно училиште, што уште повеќе ја потенцира потребата од паркинг. Дополнително, денес се асфалтира и крак на улицата “Пушкинова”.
Ѓорѓиевски: Утрово срушен нелегално граден објект во Кисела Вода, нема толеранција за никого
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Февруари 2024
Акција за рушење на нелегално граден објект рано утринава се одвиваше во општина Кисела Вода.
„Празникот верниците ќе го прослават без кал“: Општина Кисела вода го асфалтираше делот околу црквата “Свети Спас“
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 31 Јануари 2024
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека делот околку црквата ,,Свети Спас” е асфалтиран. Тој посочи дека на повој потег, на површина од 1600 квадратни метри претходно се изградила подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа која ги опфаќа улиците ,,Корџевска”, ,,Мишевска”, ,,Домазетовскa” и ,,Чучевска” и каде жителите после 40 години добиваат бактериолошки чиста вода за пиење.
Кисела Вода обезбеди униформи за сите 5460 ученици
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 22 Јануари 2024
Општина Кисела Вода започна со достава на униформите за учениците од основните училишта на своја територија. Сите 5460 основци од прво до деветто одделение, бесплатно добиваат униформа која има унифицирана боја за секое од осумте училишта.
Водици во општина Кисела Вода: Светиот крст го фати Давид Мелоски
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 19 Јануари 2024
Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа да го фати Богојавленскиот крст од осветените води на базенот „Расадник”.
Поставен камен темелник на „Верверичка”, новата градинка во општина Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 11 Јануари 2024
Со свечено поставување на камен темелник денес започна изградбата на новата градинка „Верверичка”, во населбата 11 Октомври Згради која за околу 6 месеци ќе може да ги прими првите дечиња. Истата има капацитет за 110 деца и се гради преку финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална Банка АД Скопје. На настанот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка ја назначија важноста на ваквите проекти кои претставуваа инвестиција во раниот детски развој, кој е клучен во формирањето на личноста на секој човек.
Фотоволтаици за сите училишта во општина Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Јануари 2024
Дoговор за заедничка инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човековата околина потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски. Со озваничувањето на овој документ, сите училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици, со што самостојно ќе можат да произведуваат енергија.
Мицкоски: Кисела Вода се менува, за еден месец ќе се објави тендер за изградба на нова детска градинка во Расадник, а Драчево ќе добие ново основно училиште
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 11 Јануари 2024
„За мене претставува особена чест што сум денеска овде присутен на почетокот на изградбата на овој објект, оваа детска градинка. Објект што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект што ќе значи нешто во што почнуваат најмладите во својот живот да се образоваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост.