Кисела Вода обезбеди униформи за сите 5460 ученици
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 22 Јануари 2024
Општина Кисела Вода започна со достава на униформите за учениците од основните училишта на своја територија. Сите 5460 основци од прво до деветто одделение, бесплатно добиваат униформа која има унифицирана боја за секое од осумте училишта.
Водици во општина Кисела Вода: Светиот крст го фати Давид Мелоски
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 19 Јануари 2024
Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа да го фати Богојавленскиот крст од осветените води на базенот „Расадник”.
Фотоволтаици за сите училишта во општина Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Јануари 2024
Дoговор за заедничка инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човековата околина потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски. Со озваничувањето на овој документ, сите училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици, со што самостојно ќе можат да произведуваат енергија.
Поставен камен темелник на „Верверичка”, новата градинка во општина Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 11 Јануари 2024
Со свечено поставување на камен темелник денес започна изградбата на новата градинка „Верверичка”, во населбата 11 Октомври Згради која за околу 6 месеци ќе може да ги прими првите дечиња. Истата има капацитет за 110 деца и се гради преку финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална Банка АД Скопје. На настанот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка ја назначија важноста на ваквите проекти кои претставуваа инвестиција во раниот детски развој, кој е клучен во формирањето на личноста на секој човек.
Мицкоски: Кисела Вода се менува, за еден месец ќе се објави тендер за изградба на нова детска градинка во Расадник, а Драчево ќе добие ново основно училиште
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 11 Јануари 2024
„За мене претставува особена чест што сум денеска овде присутен на почетокот на изградбата на овој објект, оваа детска градинка. Објект што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект што ќе значи нешто во што почнуваат најмладите во својот живот да се образоваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост.
Ѓорѓиевски: Пинтија за првпат добива затворен спортски објект
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 13 Декември 2023
За првпат Пинтија добива затворена спортска сала. Учениците од ПОУ ‘Рајко Жинзифов” за кои досега наставата по физичко образование се одвиваше во супстандардни услови ќе добијат современ објект кој ќе се протега на 350 м2. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој присуствуваше на почетокот на градежните активности истакна дека обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на децата е дел од стратегијата за развој на младите и подобрување на квалитетот на живот во општина Кисела Вода.
Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на „Цементарница“
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 28 Ноември 2023
Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздухот, која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“.
Дел од Кисела Вода со прекинато водоснабдување
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 28 Ноември 2023
Поради реконструкција на водоводна цевка Ф 110 мм на улица Саса бб, во населбата Пинтија, карши „Бујо градба“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Саса, Јабланица, 1438 и 1439.
Отчет на Ѓорѓиевски: За две години реализирани се 90% од четиригодишната програма
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 25 Ноември 2023
Под слоганот “Големи идеи, за сериозни промени”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа го презентираше отчетот од својата двегодишна работа. Реализирани се 90 проценти од целокупната предизборна програма, предвидена за четири години, истакна во своето излагање, додавајќи дека како никогаш досега во овие 30 години, е извршена обнова на инфраструктурата.
Без вода денеска селото Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 23 Ноември 2023
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради изведување приклучок од Ф100 мм на улицата Домазетовска бб до црквата во селото Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селото Драчево.
Орце Ѓорѓиевски: Расадник ќе има згради, но и парк 10 пати поголем од претходниот план
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 22 Ноември 2023
Моето ветување е исполнето. Избран е концептот за хумано домување наместо бетонизација на Расадник, објави на социјалните мрежи градоначалникот на општината Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски: Последната населба во Кисела Вода без подземна инфраструктура добива фекална канализација и водовод
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 15 Ноември 2023
Почна реализацијата на капиталниот проект за изградба на подземна инфраструктура во населбата Стаклара (Каменик). Ова е последното населено место во општина Кисела Вода, каде што во 21 век сѐ уште се користат септички јами. И покрај тоа што тука живеат речиси 500 семејства и се лоцирани над 60 бизнис-ентитети, овој проект, поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација, не бил воопшто планиран од страна на ниедно претходно раководство на Општината, велат од Кисела Вода.
Ѓорѓиевски: Дигитализација на сите основни училишта во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 24 Октомври 2023
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес, достави смарт-уреди во основните училишта во Кисела Вода. Со ова, велат од неговиот кабинет, дека сите основни училишта се опремени со смарт-уреди во училниците, што е од голема корист за децата и зголемување на интересот за наставата што ја посетуваат.
Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Октомври 2023
Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање дел од трошоците за купување дрва за огрев.
Ѓорѓиевски: ООУ “Партенија Зографски” доби модерни спортски терени
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 03 Октомври 2023
Завршена е реконструкцијата на повеќенаменското и кошаркарското игралиште во ООУ “Партенија Зографски”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја пресече лентата и со тоа ги стави во функција обновените објекти кои за учениците од овој дел на општина Кисела Вода значат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација. Кошаркарското игралиште доби нова асфалтна подлога, како и нова ограда околу него. На повеќенаменското игралиште кое се протега на површина од 935 м2 е поставена висококвалитетна вештачка трева, извршена е замена на оштетените заштитни мрежи зад головите, а обновени се и клупите на трибините кои беа видно оштетени.
Кисела Вода реконструира четири улици во населбата Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 05 Септември 2023
Почна реконструкцијата на улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех во населбата Драчево, извести Општина Кисела Вода.
Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на Потстаница креирајќи вистинска урбана населба
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 18 Септември 2023
Потстаница комплетно го менува својот лик станувајќи вистинска урбана населба, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во Драчево.
Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на повеќенаменското и на кошаркарското игралиште во ООУ „Партенија Зографски”
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 30 Август 2023
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ „Партенија Зографски”. Во овој училишен објект денес започна реконструкција на повеќенаменското и кошаркарското игралиште со што учениците ќе добијат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација. Летниот период се искористи и за реновирање на три училници кои претходно беа во катастрофална состојба, а се изработува и проект за огромен паркинг простор кој ќе ги задоволи потребите на жителите од овој дел на општината, известува општина Кисела Вода.