Во Кисела Вода продолжува акцијата за чистење на сметот

Чистење смет во Кисела Вода

Во Кисела Вода продолжува акцијата за чистење на сметот во сите месни и урбани заедници. Од општината информираат дека денес се чистат урбаните заедници „Црниче“ и „Расадник“, а кон почетокот на следната недела акцијата ќе продолжи во урбаната заедница „Бирарија“ и во месната заедница „Пинтија“. 


Во текот на неделава беа собрани околу четири тони смет од урбаната заедница „Цветан Димов“ и околу три тони смет од урбаната заедница „Кисела Вода“. 


Минатата недела се чистеа урбаните заедници „11 Октомври“ и „Драчево“ каде беа собрани седум тони смет.


Од општината најавуваат дека и во иднина ќе се вложуваат напори за почиста и поздрава животна средина и апелираат до граѓаните за совесно однесување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.