Семејства во социјален ризик ќе добијат огревно дрво од о. Кисела Вода

Огревно дрво

Во наредните 10 дена семејства во социјален ризик на територија на општина Кисела Вода ќе добијат по два кубни метри огревно дрво кое ги доделува Општината.


Општина Кисела Вода соопштува дека огревни дрва ќе добијат лицата кои аплицирале и ги исполниле критериумите на огласот распишан од страна на оваа локална самоуправа.


Одлуката за доделување огревно дрво на најранливите категории на жители, е донесена на седница на Советот на Општина Кисела Вода, поддржана од страна на градоначалникот Филип Темелковски. За тоа беа обезбедени средства од буџетот на Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.