Разбојници и нанеле расекотини на жена при обид за грабеж во нејзиниот дом

Обид за грабеж во Кисела Вода

Дваесет и шестгодишна жена синоќа во нејзниот дом во скопската населба Кисела Вода, била повредена при обид за грабеж од страна на две непознати лица. 


Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен околу 22,30 часот, а се случил на ул.„Архитект Никола Добровиќ“ кога две непознати лица влегле во домот на Ж.Т.(26) и почнале да и се закануваат барајќи и пари.


- Лицата потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот. Повредената Ж.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, наведуваат од МВР.


Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.


Се работи на целосно расчистување на случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.