All for Joomla All for Webmasters

Отворено културно лето „Три круши 2018"

Со два концерта на градскиот дувачки оркестар при МКЦ и КУД Китка синоќа свечено беше отворено културното лето „Три круши 2018”.

Дувачкиот оркестар при МКЦ и понуди на публиката незаборавно доживување. Од сцената на „Три круши” одекнаа светски популарни музички хитови во нивна адаптација. Присутните уживаа во најголемите хитови на ABBA, Europe, хитови како “Strangers in the night”, но и преработка на “Народе македонски”, како и бразилска самба.

Следеше голем концерт на КУД од Драчево, „Китка”. Настапот го започнаа со изведба на нивното традиционално оро, „Драчевка”, a потоа следеа „Водарки“, „Тресеница“,  „Жетварки, „Повардарие“, „Пајдушко - Бувчанско“, „Источна”.

Следниот настан од „Три круши 2018” е закажан во четврток, кога ќе настапат Александар Митевски и DJ FICHO, во петок Дани Димитровска со бенд, а саботата е резервирана за целовечерниот концерт на Миле Кузмановски.

Инаку, на отворањето на културното лето му претходеше уште еден настан кој се одвиваше во попладневните часови. Во паркот Шопен се одржа хуманитарна Коријада, на која посетителите купуваа од изложените бели печива изработени од активот на жените пензионерки од Кисела Вода, а собраните средства од продажбата се наменети за хуманитарни цели

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.