Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е опција за нас. Нема друга опција за нас освен патот на европска интеграција, порача синоќа лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Додаде дека е задоволен што гласањето поминало во мирна и демократска атмосфера.

„Се надевавме на подобри резулатти, но време е да ги ставиме на страна сите разлики и да се обединиме зад идејата за европска Македонија. Занм дека многу наши поддржувачи се разочарани. Но сега не е време за откажување. Имаме уште две недели, јас ќе бидам на терен секој ден со вас, и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“, рече Ковачевски.

Порача дека нема откажување.

„Ние нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, ќе продолжиме да се бориме се додека не победиме“, порача лидерот на СДСМ.

Ковачевски му упати порака и на Пендаровски.

„Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме заедно рамо до рамо, ова е најважната битка за македонската иднина. Борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај, во вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Се гледаме за две недели! Да живее европска Македонија“, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.