Барањето за екстрадиција на Груевски ќе биде испратено денеска или најдоцна утре до Унгарија

Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски со пропратната документација треба да бидат испратени во Унгарија денеска или најдоцна утре, најави министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезна маса за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

 

Покрај документација за  предметот „Тенк“ во кој Груевски е осуден на двегодишна затворска казна, на унгарските власти ќе бидат доставени документи и за сите обвиненија и истражни постапки што се водат против него.

 

Таа смета дека има правен основ за екстрадиција на Груевски и очекува тој да биде екстрадиран.

 

Според неа, нема причина Унгарија да му додели статус на азил и очекува неговото барање да биде одбиено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.