Барањето за екстрадиција испратено, Груевски доби азил

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски доби политички азил од Унгарија, за што вчера попладнето информираше во статус на својот фејсбук профил.

 

Во истовреме, властите во земјава испратија барање за екстрадиција, со надеж дека Унгарија ќе го испорача Груевски во Македонија.

 

Во статусот по добивањето на азилот Груевски, меѓудругото, вели дека го побарал заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ, која како што потенцира, сакала да му ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија и оти за тоа дал докази.

 

Тој посочува дека во прилог на барањето азил навел и дека имал закани по неговиот живот и оти постоела можност за негова ликвидација во македонските затвори.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.