Денеска променливо облачно наместа со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

 

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 15 степени.

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната температура до 11 степени.

 

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.