Во МАНУ се одржува трета јавна дебата за нацрт-амандманите на Уставот

Во МАНУ денеска се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-амандмани за измена на Уставот на Република Македонија.

 

На дебата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Експертски осврт на дебата ќе дадат академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ, а академик Таки Фити ќе го отвори настaнот и ќе ја модерира дискусијата.

 

Првата јавна расправа за уставните измени се одржа во средата во Владата, а втората вчера на Универзитетот ФОН.

 

Последните две јавни дебати се закажани за в понеделник во Штип и во Тетово.

 

По завршувањето на јавните расправи Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.