СДСМ: Мицкоски ниту еднаш не ги спомена НАТО и ЕУ, докажа дека е антизападен, дека нема план

Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш докажа дека нема план, нема идеја ниту визија за иднината на Македонија.

 

Мицкоски ниту еднаш не ги спомена ЕУ и НАТО, а не престана да зборува за власт и владеење со што потврди дека е антизападен и заинтересиран само за власт.

 

Мицкоски има проблем дури и да ги изговори ЕУ и НАТО. Но затоа нема никаков проблем да ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски.

 

Мицкоски е продолжение на една криминална политика која цели 11 години ја пустошеше Македонија, додека тој добивал бизниси со хидроцентрали а граѓаните осиромашуваа.

 

Од една страна е изгубено раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое ги брани тие криминали кои ги осиромашија граѓаните а од друга страна одговорната Влада на СДСМ која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, инвестиции и напредок.

 

Од една страна граѓаните гледаат како Македонија оди напред кон ЕУ и НАТО, а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат план, немаат визија за иднината на државата.

 

Граѓаните на Македонија ги поразија деструктивните политики, ги поразија оние кои не враќаа назад и не туркаа кон бездна.

 

Македонија оди напред кон ЕУ и НАТО, антизападниот Мицкоски останува изолиран во својата деструкција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.