Иванов вчера го потпишал Законот за амнестија, веднаш е објавен во Службен весник

Законот за амнестија вчера е објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, потврди за МИА директотот на ЈП Службен весник на РМ, Мартин Костовски.

 

Законот стапува во сила со денот на објавување во Службен весник на РМ.

 

Македонското Собрание на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

 

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

 

Секој од обвинетите за „27 април“ има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот. Осомничените, обвинетите или осудените сами ќе треба да побараат амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не. Вкупно 33 лица се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.