Богојавленско пливање по чесниот крст во сабота на реката Вардар во Гевгелија

Во организација на гевгелиското архиерејско намесништво, во сабота, на големиот верски празник Водици, кај мостот на реката Вардар ќе се одржи традиционалното пливање по чесниот крст.

 

Заинтересираните граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“ заклучно до 18 јануари се пријавуваат во просториите на црквата „Свети Кирил и Методиј“ или во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија.

 

Од гевгелиското архиерејско намесништво денеска потврдија дека за сите пријавени кандидати,на денот на Богојавленското пливање по чесниот крст ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на две екипи од Општата болница во Гевгелија и дека поради регуларност на пливањето, кандидатите по крстот ќе се фрлаат од левиот брег на реката Вардар, каде некогаш се наоѓаше градскиот базен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.