СДСМ: Пензиите ќе продолжат да растат, се усогласуваат два пати во годината

Проѕирни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ќе продолжат да растат, се усогласуваат два пати во годината

 

Продолжуваат лагите и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години манипулираше со пензионерите, партијата која заради криминални интереси остави огромна дупка во Буџетот на ПИОМ.

 

Не е точно дека пензиите ќе се кратат. Вистината е дека тие растат и ќе продолжат да растат согласно растот на трошоците за живот, а законското усогласување на пензиите и во иднина ќе се прави двапати во годината.

 

Податоците од Државниот завод за статистика ги демантираат проѕирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Просечната пензија во 2016 изнесувала 13 754 денари, а во 2018 изнесува 14 421 денар.

 

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со растот на платите и пензиите и затоа лицемерно лаже и вади бројки од ракав.

 

Пензионерите да бидат сигурни,пензиите и натаму и ќе растат, а ВМРО-ДПМНЕ да учи што значи вистинска грижа за пенионерите.

 

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.