Бебињата наместо на една година ќе се вакцинираат на шест месеци со МРП

Комисијата за заразни болести при Министерството за здраство донесе нови мерки дополнителни мерки за заштита на населението од епидемија на морбили.

 

Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат децата со МРП вакцината. Инаку, досега според календарот за имунизација кој важи на територија на Република Македонија првата доза од МРП се даваше на 13 месеци. Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија.

 

Исто така, Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација. На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања.

 

Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила. Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани.

 

Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.