Националната стратегија за соработка со дијаспората претставена во Малме

Националната стратегија за соработка со дијаспората (2019-2023) и акцискиот план беа презентирани пред претставници на иселениците во Малме, во рамки на работната средба на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Шведска.

 

Во своето излагање Адеми, кој беше придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, посочи дека во наредниот период Владата и тој како министер задолжен за дијаспората остануваат отворени за соработка со дијаспората. Информираше за важноста на националната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој треба да претставува основа на институционално поврзување на државата и дијаспората.

 

-Националната стратегија за соработка со дијаспората и акцискиот план преку пауерпоинт-презентација беше претставена од кабинетскиот советник на министерот, Марио Михајлов. По презентацијата беше отворена дискусија и дебата со активно учество на присутните со различни коментари и прашања на кои одговорија министерот Адеми и директорот на агенцијата Шалваринов, соопшти Кабинетот на Адеми.

 

Министерот ги информираше иселениците и за претстојните претседателски избори и како тие ќе може да го користат своето право на глас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.