Ахмети: Има волја за да се постигне договор за консензуален претседателски кандидат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово зборува и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружи раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле.

 
-Сега, јас ја испружив раката, но албанските  опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови  и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. Во понеделник ќе има средба на коалициските партнери.  Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор  помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник, истакнал Ахмети. 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.