Пендаровски на средба со членовите на Бошњачкиот демократски сојуз

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на 06.03.2019 година ја посети политичката партија Бошњачки демократски сојуз.

 

Во рамки на посетата Стево Пендаровски имаше состанок со претседателот на Бошњачки демократски сојуз Мунир Колашинац и со членовите на претседателството на партијата.

 

Стево Пендаровски даде изјава за медиумите во која нагласи дека неговиот концепт се базира на тоа дека Република Северна Македонија мора да биде држава на сите, дека не смее да има кираџии и газди во аваа земја, дека не смее да има граѓани од прв и втор ред и дека сите што живееме овде имаме еднакво право да ја штитиме, сакаме државата и државата апсолутно еднакво да одговара на нашите потреби.

 

Мунир Колашинац во својата изјава за медиумите потенцираше дека Бошњачкиот демократски сојуз ќе го подржи Стево Пендаровски на претседателските избори и ги повика членовите, активистите и симпатизерите на Бошњачки демократски сојуз како и Бошњачкиот народ во Република Северна Македонија да гласаат за Стево Пендаровски на претстојните претседателски избори.

 

Во вториот дел на посетата Стево Пендаровски имаше состанок со членовите на претседателството на партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.