ВМРО-ДПМНЕ: По седум години, убијците на децата кај Смилковско езеро се шетаат на слобода

Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода, а СДСМ притоа си игра со чувствата на граѓаните.

 

Трагедијата која ги снајде семејствата не ги засега Пендаровски и Заев кои ни збор не спомнаа на денот на седумгодишнината од невидената брутална ликвидација на момчињата.

 

Зоран Заев и Стево Пендаровски четири години ги лажат родителите на убиените кај Смилковско езеро. Две години се власт, а убијците се шетаат на слобода.

 

Зоран Заев и Стево Пендаровски ветуваа дека ќе ја кажат вистината за масакрот кај Смилковско, а веќе две години откако се власт ништо не преземаат.

 

Заев и Пендаровски си поиграа со чувствата на родителите и роднините на убиените и го злоупотребија случајот за политичка пропаганда.

 

Заев и Пендаровски на најдолен и крајно мизерен начин ја излажаа целата македонска јавност.

 

Власта целосно го заборави случајот на кој изгради цела кампања, власта покажа дека само ја манипулираше јавноста.

 

Кацарска судството и Русковска обвинителството и во овој случај како и во сите други само ги извршуваат политичките нарачки на Заев и Пендаровски.

 

Неправдата е симбол за владеењето на СДСМ. Заев и Пендаровски не знаат да владеат поинаку. Неправдата не смее да продолжи. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На Република Македонија и треба чесен претседател, кој ќе ги почитува уставот и законите, како Гордана Сиљановска Давкова.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.