Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 55,51 отсто, Силјановска 41,05
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Мај 2019
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 50,80 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 55,51 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,05 отсто.
Неважечки ливчиња се 3,44 отсто.
Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.
На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс