Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници.

 

Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг.

Шеснаесет од 29 земји-членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

 

Властите во земјава, но и високите претставници на Алијансата се надеваат дека целиот процес ќе заврши до декември, кога се одржува Самитот на НАТО во Лондон.

На декемврискиот Самит Алијансата одбележува 70-годишнина, а тоа се смета за добра можност Северна Македонија да стане 30. членка. Сепак доколку процедурата не биде завршена дотогаш очекувањата се земјата и официјално да стане дел од НАТО и да учествува во процесот на носење политички одлуки на почетокот на следната година.

 

Амбасадорите на 29. земји-членки на 6 февруари во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат утре ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.