Нетфликс ги налути филмаџиите со опцијата за забрзување
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 31 Октомври 2019
Нетфликс наиде на критики од филм-мејкерите за новата функција што им овозможува на гледачите да ги забрзаат или забават нејзините програми и филмови, објави БиБиСи.
Опцијата, која сè уште се тестира, им овозможува на корисниците на мобилни телефони да ја следат нејзината содржина со различни брзини.
Режисерот на Incredibles, Бред Бирд и режисерот на Knocked Up (Нокаутирани) Џад Апатоу беа меѓу првите кои го изразија своето негодување на Твитер.
Апатоу, кој исто така е автор на серијата Love на Нетфликс, функцијата ја нарече „смешна и навредлива“.
Опцијата им овозможува на корисниците да ја следат содржината на половина од нормалната брзина до еден и пол пати побрзо, а наводно е достапна само за корисници на андроид мобилни телефони.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс