Одбележан патронатот на ОУ „ Кочо Рацин“ од Петровец

ОУ „ Кочо Рацин“

Во присуство на голем број родители, наставници и ученици, денеска основното училиште Кочо Рацин од Петровец го одбележа патрониот празник.

 

На одбележувањето присутен беше првиот човек на општината, Борче Митевски, кој на наставниците им порача внимателно и со многу љубов да ги едуцираат учениците затоа што, како што рече, иднината е нивни раце. Од ова училиште, нагласи тој, излегле голем број истакнити личности во македонскиот општествен живот.


Општина Петровец со изградбата на новата училишна зграда на училиштето Кочо Рацин, како и со реконструкција на постоечките оразовни објекти, значително ги подобрува условите за престој и едукација на учениците, додаде Митевски.

 

Манифестацијата ја збогати настапот на учениците кој изубиливаше со шареноликост. Присутните имаа можност да уживаат во звуците а кавалот и тапанот, во рециталите на тешкото, но и во кореографиите на модерните танци на учениците.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.