Реализирани голем број проекти во општина Петровец
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 29 Август 2017
Реализирани се сите предизборни ветувања, а и голем дел кои не беа во изборната програма за изминатиот четиригодишен мандат, вака градоначалникот на о. Петровец, Борче Митевски го започна отчетот за сработеното во периодот 2013- 2017 година.
Меѓу позначајните проекти Митевски ги издвои изградбата на водоводната мрежа во Средно Коњари, и канализационата мрежа во Катланово.
Покрај значителното подобрување на патната инфраструктура, општината посветила големо внимание и на квалитетот на образованието, при што реализирани се голем број капитални проекти, меѓу кои и изградбата нова училишна зграда за училиштето Кочо рацин.
Општина Петровец континуирано овозможува влез на странски и домашни компании во индустриската зона Ќојлија, со што се очекува невработесноста во општината, како и во соседните општини на падне на рекордно ниско ниво, потенцираше Митевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс