Издадено прво одобрение за градба во новиот мандат на градоначалникот на Општина Петровец

Општина Петровец

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денеска го издаде првото одобрение за градба во новиот мандат. Белгиската компанија М Стеел е компанијата која го доби одобрението и на почетокот од 2018 ќе започне да го гради својот деловен објект на површина од 2.900 м2 во Мултифункционалната зона Ќојлија.

 

Белгиската компанија М-Стеел е новиот инвеститор во Општина Петровец кој денеска доби одобрение за градба во Мултифункционалната зона Ќојлија. Ова е прво решение издадено во новиот мандат на градоначалникот Борче Митевски, а како што најави тој до крајот на годинава ќе бидат издадени уште 4 одобренија за градење, со што продолжува градежната офанзива во оваа зона која има одлична местоположба поради близината на аеродромот Александар Велики и автопатот.

 

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски истакна дека со несмалено темпо продолжува да работи и во наредните 4 години се со цел да се исполнат ветувањата кои ги дале на инвеститорите и на граѓаните, пред се да се намали невработеноста во општината. Како што најави Митевски со изградбата на новиот објект на М Стеел се очекува да се вработат 70-80 луѓе, а со оглед на тоа што во моментов во зоната Ќојлија се градат 30 индустриски објекти, градоначалникот очекува во 2018 година да има недостаток на работна сила во општината.


Белгиската компанија М Стеел која се занимава со обработка на лим, негово превиткување, заварување и сл. во Општина Петровец ќе гради деловен објект на површина од 2.900 м2, а изградбата ќе започне на почетокот од 2018 година.


Маргарита Младеноска, генерален менаџер на М Стеел истакна дека одлуката својата инвестиција да ја прошират токму во Општина Петровец е поради најповолните услови кои ги добиле од оваа општина.


Во Мултифункционалната зона Ќојлија продадени се 77 парцели на домашни и странски инвеститори за разни намени, од хотели до лесна индустрија, прехранбена, логистика и производство на автомобилски делови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.