Баерн размислува за Зидан

Зинедин Зидан е без работа откако го напушти кормилото на Реал во јуни 2021 година, „Марка“ тврди дека за неговите услуги е заинтересиран Баерн.

Шпанскиот весник пренесува дека челниците на клубот од Минхен деновиве контактирале со менаџерот на Зидан.

Во Минхен сметале дека поранешниот француски репрезентативец е идеална замена за Томас Тухел, кој на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Баварците.

Името на Зидан се споменува заедно со уште неколку други, пред се Јулијан Нагелсман, Ханси Флик и Жозе Мурињо.

Зидан неодамна проговори и даде неколку навестувања за неговите планови.

„Да водам клуб во Италија еден ден? Зошто да не? Сè може да се случи, но во моментов правам нешто друго. Сигурен сум дека еден ден ќе се вратам на клупата, би сакал да се вратам на тренерската работа“, изјави Зидан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.