„Арсенал нема повеќе шанси за титулата“

Фудбалерите на Арсенал не се прославија во 32. коло од Премиер лигата.

„Топчиите“ на домашен терен загубија од Астон Вила со 2:0 и на Манчестер сити им ја препуштија лидерската позиција на табелата.

Легендата на Арсенал, Пол Мерсон по ова коло, во кое пораз покрај Арсенал забележа и Ливерпул е сигурен дека трката за титулата е завршена.

„Манчестер сити изврши притисок кој Ливерпул и Арсенал не можеа да го издржат. Но, Кристал Палас и Астон Вила беа апсолутно фантастични“.

„Арсенал нема повеќе шанси за титулата, јас сум 100 отсто убеден“, изјави Мерсон за „Скај Спортс“.

Мерсон го критикуваше менаџерот Микел Артета за неколкуте промени во тимот во однос на дуелот против Баерн во Лигата на шампионите. Олександар Зинченко, Габриел Жесус и Леандро Тросар ги заменија Јакуб Кивиор, Жоржњо и Габриел Мартинели. Каи Хаверц играше повеќе во редот за врска.

„Реков пред натпреварот дека не ми се допаѓа тимот што го избра Артета. Продолжете да играте со истиот победнички тим секоја недела. Артета тоа го направи и лани против Саутемптон (3:3 дома) кога, на пример, го изостави Жоржињо. Притисокот влијае на сите. Тука ви е потребен Пеп Гвардиола кој останува ладен кога се решеваат работите“, истакна Мерсон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.