ЦСКА Москва му врачи отказ на Емил Рајковиќ
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 15 Април 2024
Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва се раздели со Емил Рајковиќ. На Македонецот му пресуди поразот од УНИКС во саботата. На тој натпревар блескаше Ненад Димитријевиќ со 40 поени.
ЦСКА објави дека нов тренер е грчкиот стручњак Андреас Пистиолис. 45-годишноот тренер потпишал договор со крајот на сезоната.
Пистиолис како тренер досега го предводел само Галатасарај во сезоната 2022/23. Занаетот го печеше кај Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, како помошник на српскиот тренер освои три европски шампионски титули.
Од 2014 до 2022 година беше помошник тренер во ЦСКА.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс