Србинот Јокиќ со најбрз „трипл-дабл“ во историјата

Никола Јокиќ

Србинот Никола Јокиќ го води Денвер самоуверено кон плеј-офот во НБА, а изминатава ноќ фановите на „нагетс“ уживаа во една од најсилните презентации во сезоната.

 

Српскиот центар направи „трипл-дабл“ уште во првото полувреме и заврши со 30 поени, 15 скока и 17 асистенции, а тимот од Колорадо победи на гостувањето во Милвоки со 134:123. Статистиката вели дека „трипл-даблот“ на Јокиќ е најбрз во историјата на кошарката во последните 20 години, откако е направен на две минути пред крајот на првото полувреме. Тој е исто така најбрз во историјата, ако се има предвид времето, кое играчот го минал на паркетот - 14 минути и 33 секунди. Ако се додадат и двете блокади, тој е првиот човек од 1973 година, кој направил слично достигнување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.