Тричковски ги пропушта натпреварите против Лихтенштајн и Ерменија

Македонскиот репрезентативец и член на кипарскиот клуб АЕК Ларнака, Иван Тричковски, поради повреда ќе ги пропушти двата октомвриски натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн и против Ерменија.

По лекарските прегледи утврдено е дека Тричковски има истегнување на бутниот мускул од прв степен и ќе мора да мирува во наредните десетина денови.

Македонија е домаќин на Лихтенштајн на 13 октомври, а три дена подоцна гостува во Ерменија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.