Лопетеги ќе го предводи Реал на „Ел класико“

Директорот на Реал за меѓународни односи Емилио Бутрагењо информира дека Хулен Лопетеги ќе ја предводи екипата на натпреварот од 10. коло на шампионатот на Шпанија со Барселона.

 

Средбата е закажана в недела на 28 октомври.

 

- Дали Лопетеги ќе го води Реал на „Ел класико“? Да, на апсолутно нормален начин. Во ваква ситуација многу е важно да се задржат смиреноста, солидарноста и вербата во нашите играчи.

 

- Слушнавме шпекулации за оставка на Лопетеги до дуелот со Барселона. Но, со доверба ќе му пристапиме на натпреварот на „Камп ноу“, кој е одлична мотивација за сите, и се надеваме дека ќе имаме добро издание, рече Бутрагењо.

 

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека Лопетеги ќе биде отпуштен од Реал веднаш по вчерашниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против Викторија Плзен кој заврши со 2:1, без оглед на резултатот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.