Евентуален отказ за Мурињо ќе го чини МЈ од 18 до 24 милиони фунти

Во случај на предвремен раскин на договорот со Жозе Мурињо од функцијата тренер на Манчестер Јунајтед, клубот ќе треба да му исплати сериозен надомест на Португалецот, објавија британските медиуми.

 

Според „Дејли Рекорд" износот на компензација во случај на отпуштање пред да се затвори зимскиот прозорец ќе изнесува 24 милиони фунти.

 

Ако Мурињо добие отказ по овој рок, тогаш сумата ќе падне на 18 милиони. На Манчестер Јунајтед не му оди под раководство на 55-годишниот тренер.

 

Тимот е шести на табелата во Премиер лигата со 26 бода од 17 натпревари.

 

Ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво. Често од соблекувалната излегуваат информации за тензии меѓу тренерот и некои од фудбалерите.

 

Мурињо е критикуван од повеќе поранешни истакнати фудбалери на Јунајтед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.