Лоран Блан најблиску до „Олд Трафорд"

Францускиот стратег, Лоран Блан се чини дека е најблиску до менаџерското место во Манчестер Јунајтед во моментов. Според „Скај Спортс", кандидатурата на поранешниот играч на „црвените ѓаволи" ќе биде разгледана од одборот на директори.

Раководството на клубот се надева дека ќе најде стратег кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, без да се поврзува со долгорочни договори.

Обложувалниците во Англија, исто така, го поставија името на Лоран Блан највисоко на листата, откако има најнизок коефициент за да го замени Жозе Мурињо на функцијата.

За последен пат, францускиот тренер го води Пари Сен Жермен во периодот 2013-2016 година. Како фудбалер, Блан го носи дресот на Манчестер Јунајтед од 2001 до 2003 година, откако помогна на тимот да ја освои титулата во 2003. Потоа тој се повлекува од својата професионална кариера на фудбалер.

Меѓу другите имиња кои се споменуваат за местото кое утринава беше ослободено од Жозе Мурињо се: Зинедин Зидан, Маурисио Почетино, Мајкл Карик и Леонардо Жардим.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.