Пред исчезнувањето Емилијано Сала, рекол: "Тато, многу се плашам"

Исчезнатиот играч на Премиер Лигата, Емилијано Сала, се сомневал во способностите на авионот со кој патувал, објавија агенциите.

 

Според најновите информации, аргентинскиот напаѓач испратил аудио порака до неговите роднини непосредно пред исчезнувањето на авионот од радарот во близина на островот Гернси.

Во неа, 28-годишниот Аргентинец, рекол: "Дојдов во авион кој изгледа како да се распаѓа, и одам во Кардиф."

Напаѓачот бил купен од Кардиф неколку часа пред несреќата, при што велшкиот клуб му платил на Нант рекордни 17 милиони долари.

Авионот исчезнал од радарот околу 20 километри северно од островот Гернзи во англискиот канал.

"Ако немате вест од мене за еден час и половина, не знам дали да ги испратам луѓето да ме бараат затоа што тешко ќе ме најдат, тато, многу се плашам!" вели Емилијано Сала во аудио записот.

За време на акцијата за пребарување што се одржа вчера, групите за пребарување пронајдоа само лебдечки остатоци од авионот во водите на Британскиот Остров. Полицијата предупреди дека шансата за преживување на двајца патници во авионот била минимална.

Истражувањето за исчезнатиот авион продолжува и денеска.

Во неговиот роден град Сала Прогресо, неговиот татко, Хорацио, губи се повеќе и повеќе надеж дека неговиот син ја избегнал смртта. "Колку повеќе време минува, толку повеќе се плашам од најлошото", им изјави тој на новинарите.

"Ова се часови на несигурност, болка и тага, очекувајќи добра вест дека е жив", изјави локалниот претседател Сан Мартин Атлетик.

"Во моментов температурата на водата е многу ладна", рече Џон Фицпатрик, шеф на спасувачките служби на Каналските Острови. "Нема траги од луѓе. Ако тие паднале во водата, шансите да преживеале се минимални", изјави полицијата во Гернзи.

Во меѓувреме, официјални лица на Кардиф и Нант изразија надеж дека Сала преживеал. "Ние продолжуваме да се молиме дека тој е здрав", рече извршниот директор на Кардиф. "Се уште имам надеж, тој е борец", напиша на Твитер претседателот на Нант, Валдемар Кита.

Аргентинската легенда Диего Марадона исто така беше шокирана од она што се случи и се молеше неговиот сонародник да биде жив. "Се надевам дека е жив и здрав. Ужасно е кога такви работи се случуваат", рече Марадона.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.