Шефот на Милан: Нема да биде трагедија ако не се пласираме во ЛШ

Претседателот на Милан, Паоло Скарони изјави дека „нема да биде трагедија" ако клубот не успее во остварувањето на големата цел – пласман во Лигата на шампионите.

 

Во неделата „росонерите" го победија Каљари со 3:0 и се вратија на четвртото место во Калчото. Се разбира, предноста пред тимовите зад нив е бод-два, па затоа е многу рано за славење.

 

До крајот на сезоната остануваат цели 15 круга, а не треба да се занемарува и фактот дека Милан се пласираше во полуфиналето во Купот на Италија, каде ќе се соочат против Лацио во два натпревари.

 

Скарони изјави дека ако Милан успее да ја задржи позицијата во топ 4, тоа ќе ги зголеми шансите за успех на и надвор од теренот.

 

Шефот исто така забележа дека таквиот финиш ќе го намали притисокот врз тренерот Џенаро Гатузо.

 

- Единствено ЛШ ќе му овозможи на Милан да постигне економски резултати, кои како последица водат со себе и спортски такви. На среден рок Милан треба да остане таму.

 

- Нема да биде трагедија, ако не успееме сега, но сигурно ќе биде еден убав успех. Инаку целта останува на дневен ред и за наредната година.

 

- Ние секогаш поставуваме среднорочни цели. Веќе неколку години не сме играле таму, па тоа е нашата цел, вели шефот на „црвено-црните".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.