Пјатек не запира да бележи, Милан врза две победи во Серија „А"

Тимот на Милан ја запиша втората последователна победа во Серија „А", откако победи со 1:3 над Аталанта. „Росонерите" продолжија со силни настапи по новата година и сега се четврти во Италија.

 

Кжиштоф Пјатек постигна два погодоци за тимот од „Сан Сиро", а Хакан Чалханоглу исто беше прецизен за пулените на Џенаро Гатузо. Ремо Фреулер го постигна единствениот гол за домаќините во 33-тата минута.

 

Со оваа победа, Милан собра 42 поени и се приближи на еден од градскиот ривал Интер. Сепак, тимот на Лучано Спалети е со меч помалку, откако денеска го пречекува тимот на Сампдорија од 18 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.