Стартува пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

Денеска на терените низ Македонија стартува пролетниот дел од сезоната 2018/2019.

Дербито на колото се игра во Тетово, каде Вардар својот прв официјален натпревар ќе го игра против првопласираниот тим на Шкендија. Натпреварот се игра со почеток во 14 часот.

 

„Црвено-црните" во моментов се на втората позиција на табелата со пет бодови заостанување од првата Шкендија, и со предност од исто толку пред третопласираниот состав на Академија Пандев, кој во Струмица го пречкува тимотна Македонија ЃП.

 

ПМФЛ, двојки од 19 коло:

Работнички – Ренова
Шкендија – Вардар
Силекс – Шкупи
Академија Пандев – Македонија ЃП
Победа – ФК Беласица.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.