Португалија заработи 10,5 милиони евра за освојување на Лигата на нациите
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 10 Јуни 2019
Фудбалската федерација на Португалија ќе добие 10,5 милиони евра награда од УЕФА за триумфот на националниот тим во првото издание од Лигата на нации.
Како што објави прес-службата на УЕФА, финалистот на турнирот, репрезентацијата на Холандија ќе добие девет милиони евра.
Третопласираната Англија заработи осум, додека на Швајцарија која го освои 4.место ќе и бидат префрлени седум милиони евра.
Во овие суми влегуваат и 4,5 милиони кои им беа гарантирани на учесниците на завршниот турнир во Португалија, како победници во четирите групи од А-дивизијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс