Тереза ​​Меј е уверена дека ќе успее да го склучи договорот за Брегзит на претстојниот состанок на Европскиот совет

 Британската премиерка Тереза ​​Меј е уверена дека ќе успее да го склучи договорот за Брегзит на претстојниот состанок на Европскиот совет.

 

Ова стои во нејзиниот говор што ќе го одржи денеска на Годишната конференција на главната британска организација на работодавачите – Конфедерацијата на британската индустрија (ЦБИ), во кој имале увид некои светски агенции.

 

– Ни претстои напната недела на разговори до вонредниот состанок на Европскиот совет во недела, на 25 ноември. Во тоа време очекувам целосно и конечно да се финализира рамковниот договор кој ќе ги утврди нашите идни односи и јас сум уверена дека можеме да постигнеме договор на состанокот на Европскиот совет, кој ќе можам да предадам назад во Претставничкиот дом, се вели во текстот на нејзиниот говор.

 

Меј, исто така, ќе каже дека минатонеделниот предлог-договор за Лондон и ЕУ за Брегзит е најдобриот договор за Велика Британија.

 

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кој исто така ќе говори на конференцијата, ќе го опише документот како „најлош договор" за Велика Британија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.