Велика Британија и Европската унија се договорија

Денови пред самитот во Брисел за потпишувањето на договорот за Брегзит, британската премиерка Тереза ​​Меј пред парламентот во Лондон изјави дека преговорите се "во критичен момент", соопшти БГНЕС.

 

"Преговорите се во критичен момент, рече Мај. Таа додаде дека британскиот суверенитет врз Гибралтар ќе биде "гарантиран".

Познато е дека Унијата и Велика Британија ќе создадат заедничка комисија за реализација на идните односи меѓу земјите, која ќе делува во проектот за Политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.


Принципите на политичката декларација беа договорени за време на двочасовна средба во Брисел на Меј со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Потоа работа по текстот ги продолжија екипите на преговарачите.

 

Меј и Јункер повторно ќе се состанат во Брисел во сабота, во предвечерието на самитот, на кој треба да биде одобрен договорот за Брегзит.

 

Потоа, за да стапи на сила, договорот треба да биде одобре одн Европарламентот, а исто така и од британските законодавци.

Брегзит е закажан за 29 март 2019 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.