БРЕГЗИТ: Меј веќе е во Брисел, утре официјално ќе биде одобрен договорот

Британската премиерка Тереза ​​Мај е во Брисел еден ден пред самитот на Брегзит. Меј разговараше со претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

 

За утре, се предвидува лидерите на 28-те држави во заедницата формално да го одобрат договорот за условите под кои Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија.

 

И покрај нејзините отстапки со Брисел, Тереза ​​Мај се уште се соочува со сериозен отпор за нејзиниот план дома.


Шпанија, исто така, објави дека нема да потпише ако не постои договор за статусот на Гибралтар. Шест квадратни километри се опкружени со шпанска територија, но се управувани од Британците повеќе од 300 години.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.