Се укинуваат зголемувањата на даноците за гориво во Франција

Француската влада им отстапи на "Жолтите елеци" откако беше најавено замрзнување на зголемувањето на цените, кои во земјата предизвикаа протести од средината на ноември.

 

Три од одлуките кои беа основа на масовното незадоволство беа стопирани. Новиот данок на дизел горивото се замрзнува за 6 месеци. Освен тоа се одложува зголемувањето на цената на електричната енергија и гасот за домаќинство барем до крајот на зимската сезона.

Не е јасно дали најавените мерки ќе ги задоволат демонстрантите. Повеќето предвидувања се дека најавеното суспендирање на одлуките нема да биде доволно. Сепак, ова се првите отстапки на владата.

"Овие одлуки, со непосреден ефект, мора да го вратат мирот во земјата. Тие треба да ни дозволат да почнеме вистински дијалог за сите проблеми кои беа изразени во последните недели", рече премиерот Едвард Филип.

Со смирувачки тон, премиерот рече дека ниту една мерка не вреди повеќе од мирот во земјата.

Ако Макрон не сака да биде првиот претседател по повеќе од 50 години, кој отворил оган врз своите сограѓани, треба да понуди значајни и разбирливи промени за луѓето. Да се ​​направи тоа брзо", рече Марин Ле Пен, лидер на Националното собрание.

Протестот "Жолти елеци" нема централизирано лидерство и затоа нема официјален став за декларираниот мораториум. Коментарите од демонстрантите, направени по барикадите на патиштата, и натаму покажуваат неодобрување на отстапките, објавени од страна на владата.



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.